(Видео) ФБИ: Експлозијата пред клиника во Калифорнија е терористички чин
Експлозијата во која загина едно лице пред клиника во Палм Спрингс, Калифорнија, е „намерен терористички чин“, соопшти Федералното истражно биро. Помошникот-директор задолжен за одделот на ФБИ во Лос Анџелес, Акил Дејвис, на прес-конференција изјави дека ова е „веројатно една од најголемите истраги за намерни бомбашки напади што сме ги имале во Јужна Калифорнија“.
Четири лица беа повредени во експлозијата, но ниту едно од нив не беше вработен во клиниката, соопштија градските власти. Официјалните лица во објава на социјалните мрежи соопштија дека експлозијата се случила во саботата во област од градот каде што се наоѓаат неколку здравствени установи, вклучувајќи го и Американскиот репродуктивен центар, локална клиника за ин витро оплодување.
Полицијата соопшти дека експлозијата сериозно оштетила некои блиски згради. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот за една минута, изјави шефот на противпожарната служба на Палм Спрингс, Пол Алварадо. Тој рече дека успеале да го изгаснат поголемиот дел од пожарот пред да се повлечат од зградата поради делумно урнатиот покрив. Додека истрагата продолжува, некои жители се евакуирани од своите домови. Во близина на клиниката се наоѓа историската населба Филмска колонија, некогашен дом на Френк Синатра и Кери Грант.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…