Објавено на:

Истражување: Најчесто користена дрога во Македонија е марихуаната, испитаниците палат џоинт за да го намалат стресот и да се опуштат

t

Во изминатите 12 месеци, најчесто користена дрога во Македонија бил канабисот, покажува Европското веб-истражување за дроги во Македонија од Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на испитаници кои го пополнија прашалникот беше 862 – 32 проценти од анкетираните пријавиле употреба на канабис, 25,9 – канабидиол (ЦБД) или производи со низок тетрахидроканабинол (ТХЦ), користени од 24,9 отсто од учесниците. Кокаин користеле 18,4 проценти од учесниците во ова истражување.

Други пријавени супстанции вклучуваат:

Амфетамин: користеле 10,7% од учесниците,
Екстази/МДМА: користеле 9,3% од учесниците,
Магични печурки: користени од 6,6% од учесниците,
ЛСД: користеле 5,2% од учесниците,
Нови психоактивни супстанции (НПС): користеле 4,7% од учесниците.
Од вкупниот број учесници, 24,9 отсто изјавиле дека користеле ЦБД и/или производи со ниско ниво на ТХЦ без рецепт. Тие пријавиле консумирање на овие производи во форма на сушена билка/марихуана (58,8%), цигари или џоинт (55%), масла (40%).

Истражувањето покажува дека најчеста возраст за прва употреба на канабис е 16 години, минималната возраст за прва употреба е 12 години, а максималната возраст е 43 години.

Повеќето испитаници (91,7%) користеле недозволени производи од канабис, додека 9,7% добиле немедицински канабис легално (во земјите каде што канабисот е легален), а 1,9% користеле канабис со лекарски рецепт.

– Марихуаната е најкористениот вид на канабис во Македонија – 20,4% од испитаниците користеле марихуана која се произведува во нашата земја, 5,6% користеле увезена марихуана, 33,2% користеле и домашна и увозна марихуана и 40,8% не знаат каков вид на марихуана користеле. 97% од испитаниците изјавиле дека користеле марихуана во форма на џоинт, а повеќе од половина изјавиле дека обично го делат својот џоинт со други.

Марихуана купиле 79% од испитаниците, додека 15,9% ја добиле бесплатно, а 2,1% самите ја произвеле.

Во однос на мотивацијата за употреба на канабис, најголем процент од испитаниците (68%) изјавиле дека го користеле за намалување на стресот и опуштање. Околу 50% изјавиле дека користеле канабис за да се дружат, да се забавуваат/за забава или за да го подобрат спиењето.

Во врска со стресот и релаксацијата, повеќе од 30% од испитаниците користеле канабис за да ја менаџираат тагата, депресијата, анксиозноста, проблемите со спиењето и промените во расположението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МИ6 проверува дали британските тајни се загрозени…

Британските разузнавачки служби истражуваат дали нивните доверливи…

Европската комисија предлага постепена интеграција на кандидатките…

Европската комисија претстави нов документ за реформирање…

Трамп најави нови информации за мистериозниот случај…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Вашингтон…

Голем пожар во втората најголема рафинерија во…

Голем пожар избувна во рафинеријата Кардон во…

САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…

Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…