Венс: Путин не знае како да излезе од оваа војна
Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс рече дека верува оти Доналд Трамп директно ќе го праша рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор дали е навистина подготвен за мир со Украина. Венс истакна дека САД „нема да губат време“ во обидот да постигнат договор.
„Разговорите се водат веќе некое време, и јасно е дека сме заглавени. Мислам дека претседателот ќе му рече на Путин: „Види, дали си сериозен во врска со ова? Дали навистина сте подготвени да склучите договор?“, им рече Венс на новинарите во „Ер Форс 2“.
Има сериозни економски придобивки ако односите на Русија со светот се подобрат, но нема да има доколку убивањето на невините продолжи, дополни тој.
Венс истакна дека е тешко да се издвои една клучна пречка за постигнување прекин на огнот, но тој нагласи дека клучното прашање е колку Путин е сериозен во врска со мировните преговори.
„Тој направи некои отстапки, направи некои чекори, но чувствуваме дека преговорите се во ќорсокак и затоа претседателот ќе разговара со него денес. Искрено мислам дека Путин навистина не знае како да излезе од оваа војна. Не сум сигурен дека Путин дури има стратегија за ставање крај на војната што трае со години“, додаде Венс, велејќи дека верува оти Трамп се согласува за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најчевска: Мицко нè турна кон Путин
Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…
„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…
Москва има детален план за напад на…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…