Зеленски нареди да се формира постојана проширена национална преговарачка група за крај на војната
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нареди да се формира постојана проширена национална преговарачка група која ќе работи за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир, објави Укринформ.
Зеленски на Фејсбук објави дека одржал состанок посветен на дипломатските напори за завршување на војната и воспоставување мир.
Министерот за одбрана Рустем Умеров информираше за работата на украинската делегација и преговарачкиот процес во Турција. Според Зеленски, „средбите на 15 и 16 мај му ја покажаа на светот нашата посветеност на унапредување на мирот и во исто време, неопходноста да се изврши притисок врз Русија за да се запре војната“.
Тој нагласи дека најзначајниот исход од состанокот бил договорот за размена на затвореници во формат 1.000 за 1.000.
„Нашиот тим моментално работи на деталите за размената. Благодарен сум на сите што придонесоа за овие напори“, истакна Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…