Левица: Откупот на земјоделски производи во слободен пад, доказ за неспособноста на Трипуновски

t

Се потврдуваат укажувањата на Левица: неолибералната економска политика на Владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ претставува директна закана за домашното производство на храна и за опстанокот на македонскиот земјоделец, реагираат од политичката партија Левица.

– Официјалните податоци од Државниот завод за статистика го потврдуваат најлошото – во првото тромесечје од 2025 година, откупот и продажбата на земјоделски производи достигнале вредност од само 5,7 милијарди денари, во споредба со 9,9 милијарди денари во истиот период лани, што претставува АЛАРМАНТЕН пад од речиси 45%!

Особено загрижува фактот што овој пад се однесува на откупот од индивидуалните земјоделци – луѓето кои живеат од сопствениот труд. Владата очигледно ги гуши токму нив, туркајќи ги кон сиромаштија, пропаст и иселување, додека ги отвора вратите за увозни лобија и странски корпорации.

Оваа капиталистичка стратегија е насочена кон целосно потчинување на земјоделството на интересите на големиот капитал и увозничките олигархии. Македонскиот земјоделец станува колатерална штета на пазарниот фундаментализам.

Министерот за земјоделие, Цветан ТРИПУНОВСКИ, мора веднаш да понесе одговорност, а доколку е неспособен да испорача базични услови за успешно земјоделство – треба да си поднесе оставка! Потребна е темелна промена на земјоделската политика – политика која ќе го врати достоинството на земјоделецот, ќе го заштити домашното производство, ќе обезбеди поддршка и унапредување на истото, а со тоа и прехранбен суверенитет за македонскиот народ. – соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага намалување на работното време од…

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…

Левица објави јавен повик: Секој кој сака…

Левица објави јавен повик за кандидати за…

Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…

Трошоците за живот растат од ден во…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…

Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…

Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…