Левица Гази Баба: Јурумлери се гуши во отпад – градоначалникот без интерес за решавање на проблемот
Локалниот огранок на Левица од Гази Баба денеска јавно реагираше на состојбата со дивата депонија во населбата Јурумлери, обвинувајќи го градоначалникот за игнорирање на еколошкиот проблем што подолго време ја загрозува животната средина и здравјето на жителите.
„Гази Баба се гуши во чад и отпад“, стои во реакцијата на партијата, во која се нагласува дека и покрај долготрајното постоење на депонијата, не постои никаков знак дека локалната самоуправа презема чекори за нејзино чистење.
„Жителите се гушат во отпадот, додека градоначалникот не покажува никаква заинтересираност за решавање на овој проблем“, велат од Левица.
Од огранокот апелираат до надлежните институции на општината итно да излезат на терен и да ги исполнат обврските за кои се избрани од граѓаните. Според нив, чистата животна средина е директен одраз на ефикасноста на градоначалникот.
„Очигледно, актуелниот градоначалник нема капацитет да се грижи за животната средина и остава позади себе депонии кои го прикажуваат вистинското лице на општината“, предупредуваат од Левица.
Партијата порачува дека Јурумлери заслужува здрава средина и суштински промени што ги бараат жителите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица објави јавен повик: Секој кој сака…
Левица објави јавен повик за кандидати за…
Левица: Крајно време е „четвртата економска сила…
Трошоците за живот растат од ден во…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Апасиев: Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите…
Лидерот на ДПМНЕ ги хушка неговите млади…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…