Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово забрани увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради појава на птичји грип.
Привремената забрана стапува во сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во бразилската сојузна држава Рио Гранде. Агенцијата наведува дека бразилските власти за појавата на птичји грип јавиле на 16 мај.
– Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест, која првенствено ги погодува птиците и, во ретки случаи, може да се пренесе на луѓето. Иако нема докази што укажуваат дека консумирањето на живинско месо или јајца го пренесува вирусот, забраната за увоз е превентивна мерка за да се обезбеди безбедност на храната за нашите граѓани, се наведува во соопштението на косовската Агенција за храна и ветеринарство.
Агенцијата посочува дека одлука е во согласност со меѓународните практики и ги следи постапките на други земји, вклучувајќи ја Европска Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на пилешко месо од Бразил откако беше потврдена епидемијата
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…