Вучиќ ги нарече студентите „терористи“ – дел од активистите пуштени во куќен притвор, протестите продолжуваат
По неколкудневни студентски и граѓански протести, Апелациониот суд во Нови Сад донесе одлука да им одреди куќен притвор на тројца од шесте уапсени активисти, обвинети за загрозување на уставниот поредок. Останатите тројца остануваат во затвор, поради што блокадата на судот продолжува.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро реагираше на одлуката, нарекувајќи ги демонстрантите „пучисти“ и „терористи“, а судот го обвини дека „им се додворува на блокадите“ и „донесува незаконски одлуки под притисок на улицата“.
Една од приведените, професорката по социологија Марија Васиќ, минатата недела започна штрајк со глад и жед, по повеќе од 60 дена поминати во притвор.
Иронично, додека Вучиќ ја критикуваше судската независност, неговата партија – Српската напредна партија (СНС) – најави сопствена блокада на судот, барајќи ослободување на четворица свои членови, уапсени по нападот врз студенти со бејзбол палки, при што еден студент беше тешко повреден.
Опозицијата оцени дека Вучиќ се обидува да ги изедначи мирните активисти со насилниците од својата партија, нарекувајќи го тоа „обид за релативизирање и политичка пресметка“. Судот донесе делумна одлука, но гневот на улиците не стивнува. Студентите бараат правдата да биде слепа за политика – и еднаква за сите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…