Македонец измамил родители во Хрватска: Лажел дека е доктор, па извлекол 270.000 евра за „итни операции“
Хрватската полиција предупредува на нова измама во која сторители се преправаат дека се лекари и ги контактираат родителите со лажна вест дека животот на нивното дете е во опасност, барајќи голема сума пари за „итно неопходна операција“.
„Лицето се претставувало како доктор кој велел: „Животот на вашето дете е во опасност. Се случила голема трагедија и потребни се пари за оваа тешка операција“, изјави Марија Гоати, портпаролка на полицијата во Загреб за „Дневник“.
На овој начин, во Загреб, измамникот успеал да извлече пари од осум очајни родители, нанесувајќи им штета од над 270.000 евра.
Полицијата го идентификувала главниот измамник како 26-годишен државјанин на Северна Македонија, кој набрзо завршил во затвор. Во тек е потрага по уште едно лице кое на сличен начин измамило две семејства.
Полицијата апелира до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви или слични измами, особено кога станува збор за итни барања за парични средства поврзани со здравствени проблеми. Се препорачува веднаш да се пријави сомнителен повик или порака до надлежните органи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…
Пожарот што избувна во куќи во близина…
ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…
На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…
Ива Михаилова не избегала, тврди Рауфи, судењето…
Ива Михаилова заминала во Бугарија за да…
Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако…
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во…
Кина го продолжи трговското примирје со САД:…
Кина го продолжи за уште два месеца…