Објавено на:

Борел: Израелската влада има геноцидни намери во Појасот Газа

t

Поранешниот шеф на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска ја осуди неодлучноста на Европската унија кога станува збор за санкциите против Израел, додавајќи дека владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „влада со геноцидни намери“.

„Ова е религиозно најфанатичната влада што Израел некогаш ја имал. Кога ќе слушнете што велат и ќе видите што прават, нема сомнеж дека има геноцидна намера. Не знам дали Нетанјаху ќе биде суден, но разочарувачки е да се види дека една земја во Европа го пречекува со големи почести“, рече Борел во интервјуто за шпанската програма ”Hora 25”.

Борел посочи дека, доколку се утврди дека Израел ги прекршил човековите права, Европската комисија може да предложи ограничување на трговските односи со Тел Авив, додавајќи дека ЕУ „има моќ“ да влијае на Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…

Израел го уби шефот за финансии на…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…

Кац: Израелската армија е подготвена да ја…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…

Израел уби висок командант на Хамас во…

Израелската армија во петокот соопшти дека убила…