Вучиќ одговара: Го преферирам Меси, јадев мајонез со магдонос, му подарив куче на Путин
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во едно опуштено интервју одговори на низа интересни, па дури и хумористични прашања, без цензура и со насмевка на лицето.
Еден од моментите што привлече внимание беше неговото откритие дека добил куче на подарок од покојниот српски патријарх Иринеј. Интересно, Вучиќ откри и дека тој лично му подарил прекрасно куче на рускиот претседател Владимир Путин.
– Добив куче од патријархот Иринеј, а на претседателот Путин му подарив прекрасно куче. Колку што слушнав, го чуваат на убаво место и многу сум среќен поради тоа – рече Вучиќ.
Во разговорот, претседателот одговори и на неколку поп-културни прашања кои ги интересираат младите. На прашањето кого повеќе го преферира – Роналдо или Меси – Вучиќ кратко и јасно рече:
– Меси.
Потоа следуваше уште едно прашање, овој пат со кулинарска нота: мортадела или паризер?
– Едвај ја препознавам разликата. Го сакам сето тоа. Кога бевме деца, ставаме мајонез и магдонос во сендвич – нема ништо поубаво од тоа – одговори Вучиќ низ смеа.
Имаше и шеговити моменти, како кога некој го праша: „Ацо, ќе ти дадам 500 евра да ми ја продадеш ‘Шкодата’!“
– Шкодата вреди повеќе. 2006 година е, ама сè уште одлично служи. Зошто би ја продавал? – возврати тој.
Еден од следните прашања се однесуваше на видеата што ги објавува на социјалните мрежи, односно дали самиот ги уредува.
– Не, не сум способен за такво нешто, и не се фалам со тоа. Нека уредува некој што знае – искрено призна претседателот.
Претседателот Вучиќ уште еднаш покажа дека, и покрај сериозноста на функцијата што ја извршува, знае да се пошегува и да одговори на прашања кои го доближуваат до обичниот човек.
Претходно се обрати на јавноста од кулата во „Белград на вода“, нагласувајќи дека за него најважното прашање е едно: како да продолжи изградбата и развојот на Србија, претворајќи ја визијата во конкретни резултати.
– Никој не може да ни го одземе трудот и резултатите од нашата работа – рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм, стоејќи на висок кат од белградската кула, гордо зборувајќи за тоа што е направено во последните неколку години.
– Драги пријатели, по многу месеци, еве ме повторно во „Белград на вода“, на дваесет и некој кат. Гордо можам да кажам – заедно направивме огромни нешта. Покажавме дека за неколку години може не само да се смени лицето на еден град, туку и на целата земја – порача претседателот.
Тој посочи дека во моментов се гради и четвртиот мост во Белград, и тоа со директна поддршка на државата.
– Ова што гледате денес беше најгрдото место во Белград пред неколку години. Денес има величествени булевари, модерна архитектура, и илјадници луѓе секојдневно шетаат и уживаат во животот овде – рече Вучиќ, потсетувајќи на трансформацијата од старата зграда на Геозавод до реновираниот хотел Бристол.
Претседателот посебно ја нагласи важноста на визијата и упорноста.
– Кога имате идеја, енергија и срце за да се борите за тоа во што верувате, никој не може да ви застане на патот. Затоа нема да одговарам на бесмислени прашања и напади – јас ќе се борам за иднината на Србија.
На крајот од обраќањето, Вучиќ упати порака до граѓаните:
– Придружете ми се. Заедно можеме да направиме многу повеќе. Србија заслужува да напредува, а ние сите треба да бидеме горди на нашата работа – како што јас сум горд на сè што постигнавме. Закани можат да дојдат, но никој не може да ни го одземе она што сме го изградиле со своите раце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…
Вучиќ најави нови оставки во српската влада…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави…