Регистрирани двајца пациенти со мајмунски сипаници во Македонија!

t

Денес во ЈЗУ Институт за јавно здравје беа упатени од Клиниката за кожни болести два пациенти суспектни за Monkeypox – Мајмунски сипаници и воедно беше упатно назначено да се направи испитување и за ХИВ,
сифилис и херпес.

Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на 3 различни начини со што лабораториски се потврдија два случаи на Monkeypox – Мајмунски сипаници.

-Бидејки за прв пат во нашата држава се лабораториски потврдени Monkeypox – Мајмунски сипаници, после добиените резултати, веднаш се реагираше брзо, се превземаа соодветни мерки и се известија надлежните институции, Министерство за здравство, Клиниката за кожни болести, Инфективна клиника и др. Согласно протоколите по добиеното известување, докторот кој ги примил пациентите ги информира пациентите за добиените резултати. Потоа следи епидемиолошка анкета од страна на епидемиолози од Институтот за јавно здравје, велат од Институт за јавно здравје.

Стручни лица епидемиолози од ИЈЗ се вратени на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица, како би се добиле податоци кои би биле исклучително важни за понатамошно постапување.

Анкетата е се уште во тек.

Ќе биде препорачано на позитивните пациенти да се јават на Инфективна клиника.

-Институтот за јавно здравје ќе продолжи да ја следи состојбата. Во моментов нема простор за паника, бидејќи брзо и навремено институционално, се превземаат сите потребни мерки. Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се превземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста, велат од ИЈЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИЈЗ: Втор случај на мали сипаници во…

Втор случај на мали сипници е евидентиран…

Алармантен пораст на случаите на сипаници во…

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата…

Воскреснуваме стари болести: Невакцинирањето ја донесе Црна…

Црногорскиот Институт за јавно здравје, повторно апелираше…

Вирусот од Африка галопира во светот: Мајмунските…

Откако во Минхен во петокот беше пријавен…

СЗО загрижени: Бројот на случаи со сипаници…

Бројот на случаи на сипаници во светот…