Доктор Даниловски со објаснување: Еве што треба да знаете за мајмунските сипаници!
По регистрираните два случаи на мајмунски сипаници во Македонија, познатиот доктор епидемиолог Драган Даниловски објасни што треба да знаете за оваа заразна болест.
„Потврдени се два случаи на мајмунски сипаници (mpox) во Македонија. Еве што треба да знаете:
1. Што се мајмунски сипаници?
Мајмунските сипаници се вирусна болест предизвикана од monkeypox вирусот, кој припаѓа на истото семејство како и вирусот на големите сипаници (variola vera). Симптомите обично вклучуваат:
• Треска
• Главоболка
• Болки во мускулите и грбот
• Зголемени лимфни жлезди
• Исцрпеност
• Кожен осип кој може да се појави на лицето, рацете, стапалата, гениталната област или други делови од телото
Инкубациониот период е обично од 6 до 13 дена, но може да варира од 5 до 21 ден. Болеста трае од 2 до 4 недели и во повеќето случаи се повлекува без потреба од специфичен третман. Сепак, кај лица со ослабен имунитет, деца и бремени жени, може да се развијат посериозни компликации.
2. Како се пренесува?
– Директен контакт со кожни лезии или телесни течности на заразено лице;
– Близок физички контакт, вклучувајќи сексуален однос;
– Контакт со контаминирани предмети како облека, постелнина или прибор;
– Респираторни капки при продолжен близок контакт лице в лице.
Важно: Болеста не се пренесува лесно. Потребен е близок, продолжен контакт!
3. Ризик за епидемија? МНОГУ НИЗОК. Состојбата се следи од здравствените власти.
4. Што да направите за сопствена заштита?
– Одржувајте хигиена (миење раце со сапун и вода);
– Избегнувајте близок контакт со симптоматски лица и споделување на лични предмети;
– Консултирајте лекар при сомнителен осип.
5. Информирајте се од релевантни извори – не од гласини!
Мајмунските сипаници не се нова, ниту неконтролирана закана. Ситуацијата бара информираност и претпазливост, но не и паника. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Институтот за јавно здравје“, вели Даниловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…