Филипче: Позади кредитот од шест милијарди евра се крие антологиски грабеж

t

„Позади кредитот од 6 милијарди евра се крие антологиски грабеж“, предупреди претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од средба со граѓаните во Штип.

Филипче ги разобличи нетранспарентните и штетни политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера го потпишале договорот, а веднаш потоа се сретнале со фирмите кои ќе бидат изведувачи. Каков тендер, каков Закон за јавни набавки – сè е тоа една голема лага!“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди на огромните последици од ваквиот потег:
„Должнички оков врз следните генерации коваат без око да им трепне. Секое дете што ќе се роди следните 25 години, на самиот ден на раѓање ќе биде задолжено со 6.000 евра! Тоа нашата земја, нашиот народ не може да го издржи. “

Филипче ја посочи и тешката реалност со која се соочуваат граѓаните секој ден.

„Штипјани веќе ја чувствуваат тежината од лошите политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ – животниот стандард е на дното, платите стагнираат, младите си заминуваат. Вистината за бездната во којашто ја туркаат државата допрва ќе излегува на виделина.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Иран откри нов подземен „град на…

Иранската револуционерна гарда претстави нов подземен воен…

Норвешка издвојува нови средства за Амазонија по…

Норвешка најави 600 милиони норвешки круни за…

Француски експерти бараат построги правила за вештачката…

Француска експертска комисија предложи посилна контрола врз…

(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…

Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…

Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…