Сиљановска со државен потпис во Рим – по минатогодишната „куса лента“, сега стои: „Претседател на Република С. Македонија“

t

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова положи венец на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. За разлика од минатата година кога на венецот го немаше името на државата, оваа година стои „Претседател на Република С. Македонија“. Сиљановска лани рече дека немало име на државата оти лентата била куса, за разлика од годинава кога нашле решение.

„Поклонението за сесловенскиот просветител што традиционално се организира од 1969 година е израз на македонската почит и неизмерна благодарност за неговото големо дело. Свети Кирил со својата значајна мисија оставил неизбришлива трага врз своето време и идните генерации. Тој и денес останува патоказ и морална поддршка за духовен развој и промовирање на заеднички вредности“, напиша Сиљановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лисици низ Скопје во близина на Водно…

Во последните неколку дена се појавија видеа…

Обвинение и притвор за лице кое физички…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…

СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…

„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…

На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…