ИЈЗ: Немаат симптоми лицата со кои биле во контакт заразените со мајмунски симапници
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување.
„Позитивните лица се во добра состојба. Нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, нема нови позитивни случаи. Во текот на вчерашниот ден беа објавени препораки на веб-страницата на ИЈЗ до граѓаните. ИЈЗ изработи и краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи и истиот беше доставен до Министерството за здравство кое што ги проследи до надлежните здравствени институции“, информираат во ИЈЗ.
Денес во оваа институција се отворени две нови телефонски линии за информирање за Mpox, една за консултации на граѓани (076233791) и друга за консултација на здравствени работници (076233792).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО спречил тајна руска операција кај клучни…
НАТО сојузниците спречиле руска подводна операција во…
Што да очекувате од новите генерации слушни…
Што да очекувате од новите генерации слушни…
Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување…
Ако се прави анализа во последните две…
Тешко повреден е работник од Берово откако…
Работник од Берово на 68-годишна возраст е…
Го натерал 10-годишниот син да пука: Татко…
Полицијата во Уб го уапсила Славко О.…
