Мојсоска до Коњановски: Поддршка ли е колга ЦСР Битола на жртва на семејно насилство ѝ велат дека не ѝ следи стан затоа што може да си се врати кај нејзините во друг град?

t

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска и денеска го прозва градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во врска со грижата на Општината за жртвите на семејно насилство.

– Ден 3:

Господин Тони Коњановски, дали е лидерство во борбата против семејно насилство, жртва на семејно насилство со месеци да чека одговор од вас за обезбедување привремено сместување?!

Дали е лидерска поддршката од Центарот за социјални работи во Битола, кои на жртва на семејно насилство ѝ викаат дека не ѝ следи стан, затоа што може “да се врати кај нејзините родители во друг град”?!

За каква лидерска поддршка говорите, кога една од најголемите општини во Македонија НЕМА ШЕЛТЕР ЦЕНТАР ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО?! – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Михајловски разочаран: Ми дојде желба да…

Македонскиот актер Тони Михајловски на својот профил…