Објавено на:

Жената која избоде 18 луѓе во Хамбург ќе биде сместена во психијатриска болница

t

39-годишнaта жена која синоќа со нож избоде 18 луѓе на главната железничка станица во Хамбург ќе биде сместена во психијатриска установа, соопшти полицијата.

Осомничената која беше приведена кратко време по инцидентот, беше обвинета за обид за убиство на 15 луѓе со тешки телесни повреди. Според претходните полициски извештаи, нападот не бил политички мотивиран.

„Напротив, постојат многу јасни индикации дека осомничената е ментално болна“, соопшти полицијата.

Повредените се на возраст меѓу 19 и 85 години. Три жени на возраст од 24, 52 и 85 години, како и еден 24-годишен маж, беа однесени во болница со повреди опасни по живот. Полицијата во саботата објави дека сите се во стабилна состојба. Седум други лица беа тешко повредени, а седум се здобија со полесни повреди.

Нападот беше запрен благодарение на храбрата интервенција на двајца минувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жената која избоде 18 луѓе во Хамбург…

39-годишнaта жена која синоќа со нож избоде…

46 лица повредени во напад со гас…

Неидентификуван маж денеска пуштил иритирачки гас во…

Најголемото хрватско знаме во светот ќе се…

Најголемото хрватско знаме во светот пристигна и…

Заврши 18-часовната драма: Се предаде Турчинот кој…

Заврши заложничката драма на аеродром во Хамбург,…

Заложничката драма на аеродромот во Хамбург заврши…

Полицијата во Хамбург на социјалната мрежа Х…