Арсовска објави ново видео:Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на “принцезата на дивограбите”, никој не реагира!
И денес продолжува “филозофирањето” на МВР и претседателот на Владата кој не ги знаеше надлежностите на Градот Скопје. Препорачуваме да ги ислушаат внимателно изјавите на затекнатите работници, бидејќи повторно на терен има проблеми со непостапување на МВР, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на “принцезата на дивограбите” и неговиот ментор, повторно во обид да ги прикријат трагите од тој криминал спроведен со спротивно на закон и диво градени објекти на државно земјиште.
На лице место денес затекнавме работници кои биле непосредно ангажирани од сторителите на кривичното дело бесправна градба и узурпација на државно земјиште, им платиле во кеш и ги упатиле на лице место да ја скријат дупката со која го оштетија булеварот и подземните инсталации на водовод, канализација и високонапонските кабли за струја. Ова е со цел да ја избегнат одговорноста за нивните криминали.
Градот Скопје до овој момент ги превзема сите расположливи мерки, НИЕ ИЗРЕКОВМЕ НАЈВИСОКИ КАЗНИ, А СЛУЧАЈОТ Е ПРИЈАВЕН КАЈ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОЧНАТ ДА ПОСТАПУВААТ.
Општина Чаир и Државниот градежен инспекторат ВЕДНАШ ДА ГИ СРУШАТ ДИВО ИЗГРАДЕНИТЕ ОБЈЕКТИ И ДА ЈА САНИРААТ ШТЕТАТА СО ВРАЌАЊЕ ВО ПРВОБИТНА СОСТОЈБА
Министерството за внатрешни работи ВРЗ ДОСЕГА СИТЕ ОЧИГЛЕДНИ ДОКАЗИ, ДА ГИ УТВРДИ СТОРИТЕЛИТЕ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА И ДА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ.
Апелираме до Владата и МВР да престанат со “филозофирање” да се фатат за работа, има повеќе од доволно докази, информации и аргументи кои би можеле да им помогнат во истрагата за поднесување на кривична пријава за како нивна службена должност за да се обезбеди одговорност на сторителите. – стои во објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Арсовска: Ганиу со фалсификат во Чаир „легализирал“…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по…
Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…
- Ова е шанса да се расчисти…
Чаир е 19-ти по број на дивоградби…
Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и…
Јакимовски до Тошковски за дивоградбите во Чаир:…
*Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош,…