Сообраќајна несреќа кај Порта Македонија: Автомобил излетал надвор од коловозот и удрил во бетонски столбчиња и други објекти, па се запалил
Денеска (25.05.2025) вo 00.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ со ул.„Димитрије Чуповски“, кај порта Македонија, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л.(39) од Македонски Брод, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и една тенда од продажен објект.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. По несреќата, возилото се запалило, при што од страна на полициски службеници било интервенирано и огнот било изгаснат.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…
Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…
Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…
Според информациите од МВР, претрес се спроведува…
Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…
Морнар спасен од брод кој беше нападнат…
Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…
Вулин ќе се кандидира за претседател на…
Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…