Зошто криете кои компании земале пари од унгарскиот кредит?!

t

По побаран пристап до информации од јавен каратер – Развојната банка на Македонија одби да ја приложи листата на компании кои добиле средства од унгарскиот заем од 250 милиони евра што го обезбеди на брза трака Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, со образложение дека се работи за ‘деловна тајна’.- реагираат од политичката партија Левица.

– Во секоја правно и фискално уредена држава, средствата што ги позајмува Владата во име на граѓаните мора да бидат распределени на транспарентен начин и подложни на јавен надзор. Станува збор за јавен долг кој ќе се сервисира со пари на даночните обврзници (граѓаните), а не од приватен фонд на владејачката елита.

Криењето на имињата на компаниите кои добиле државна поддршка претставува сериозно отстапување од начелата на транспарентност, отчетност и еднаков пристап. Тоа отвора сомнежи за злоупотреба, клиентелизам и нефер распределба на јавни ресурси.

Доколку компаниите немаат што да кријат, зошто јавноста не смее да ги знае нивните имиња? Ако постои реална намера да се поттикне економскиот развој, тогаш целата постапка мора да биде отворена, а не скриена зад параванот на „деловна тајна“. Ова е прашање на јавна политика, а не на банкарски односи.

Ги потсетуваме институциите, особено Развојната банка, дека нивната основна функција е да дејствуваат во корист на јавниот интерес и економскиот развој, а не да штитат поединечни деловни интереси.

Левица бара итно објавување на целосната листа на компании кои добиле средства од унгарскиот заем, како и критериумите според кои тие биле избрани. Ќе ги искористиме сите расположливи правни и институционални механизми за да ја добиеме оваа информација, затоа што јавниот интерес не може да биде цензуриран.

Јавните пари подразбираат јавна отчетност. – велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Трајковски детално пресмета: За камати 22…

*Објава на Фејсбук на професорот Дејан Трајковски…

Па нели Арапите ќе ги градеа? Мицкоски…

Владата планира да ги гради хидроелектраните Чебрен…

Србија доби кредит од 1,13 милијарди евра…

Српската влада го усвои предлог законот со…

Кумановец земал брз кредит за биткоини па…

Четириесет и петгодишен маж од Куманово бил…

Левица: Унгарскиот кредит се претвора во трошок…

Новиот договор на Владата со комерцијалните банки…