Електричен јавен превоз „волшебно“ стана дел од државната агенда – Костадинов до Владата: Добредојдовте, ама касните!

t

Добредојдовте, ама доцните, ѝ порача струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на Владата откако електричниот јавен превоз стана дел од државната агенда.

– Кога Владата ќе сфати дека визиите од Струмица вредат.

Проектот за електричен јавен превоз, што одамна го туркаме локално, сега „волшебно“ стана дел од државната агенда. Добредојдовте на бродот – касните, ама сепак сте тука.

Нема подобар демант за ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица како демантот од владата.

Добро е што барем некој во Владата чита што работиме. Ја охрабрувам да продолжи во тој правец – има уште многу што може да „прифати“ од нас. Ние веќе одамна тргнавме напред. – напиша Костадинов на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ