Ергенската вечер му беше последна, на Лефкада се удави син на познат грчки бизнисмен
Стефанос Кемос, 30-годишниот жител на Трикала го загуби животот на плажата Катисма на Лефкада во Грција во неделата попладне, откако бил повлечен во длабочините од брановите.
Стефанос, син на Костас и Дафни Кемос, познато бизнис семејство од Трикала, планирал да се ожени на 14 јуни. Патувањето на Лефкада било дел од ергенската прослава со пријателите, само неколку дена пред да стапне на олтарот.
Стефанос Кемос не беше само уште една жртва на морето. Тој беше сакано дете, вреден човек, соништата му беа големи. Неговата загуба остава огромна празнина кај неговото семејство, пријателите и целата заедница. И нè потсетува колку животот е кревок, дури и тогаш кога мислиме дека сè дури сега започнува, пишуваат грчките медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски бизнисмен нуди милион долари за главата…
Рускиот бизнисмен Александар Конаникин (55) нуди награда…