Левица бара одговори за патните трошоци и кириите на пратениците, собраниската седница одложена за еден час

t

По барање на пратеничката група на Левица денешното продолжение на 49. собраниска седница е одложено за еден час. Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев побара пауза од еден час бидејќи, како што рече, сè уште не добиле одговор на доставеното барање на пратеничката Јована Мојсоска во јануари во кое се бараат исплатените патни трошоци и кирии за 2024 за сите пратеници.

Како што најави Јанчев, сè додека не ѝ се одговори на пратеничката Мојсоска, на секоја седница ќе бараат пауза.

– Согласно член 67 став барам да му се наложи на генералниот секретар и на службите на Собранието да си ја завршат деловничката и законската обврска и да одговараат на првичното поставено барање и побара пауза од еден час. Најави дека ќе бараат по еден час пауза на секоја седница сè додека не добијат одговор на барањето – рече Јанчев.

Гаши му одговори на Јанчев дека во законскиот рок пратеничката добила одговор, но потоа побарала подетални информации за кои како што рече спикерот, ќе им бидат доставени побараните информации откако ќе бидат изработени.

– Ќе добиете еден час пауза, но само да ви кажам дека сум известен јас како претседател и генералната секретарка и работиме на случајот. Знаете дека во законскиот рок ви беше одговорено. Вие баравте подетални информации. Информациите се изработуваат и ќе ви бидат доставени. Нема никаков проблем. Никој од ништо не бега, ниту се плаши, ниту се крие. Ќе ги добиете. Не разбирам зошто барате пауза, кога сакаме да работиме. Но, го почитувам вашето барање и ќе ви дадеме еден час пауза – рече Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…