Објавено на:

Бугарија догодина го воведува еврото, Брисел конечно ќе даде зелено светло

t

Европската унија ќе ја одобри кандидатурата на Бугарија за воведување на еврото на 1 јануари 2026, со што таа ќе стане 21. членка на еврозоната, објави „Политико“.

Неколку официјални претставници изјавија за политичкиот магазин дека се очекува Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) конечно, по неколкугодишно чекање, да дадат зелено светло во извештајот, кој ќе биде објавен следната среда. Пристапувањето на Бугарија кон еврозоната ќе ѝ помогне на земјата да ја зајакне трговијата со Унијата, да ги намали трансакциските трошоци и да го зајакне своето влијание во Брисел.

„Приклучувањето кон еврозоната само ќе го зајакне суверенитетот на Бугарија и ќе учествуваме во процесот на донесување одлуки на ЕЦБ“, изјави Атанас Пеканов, бугарски економист и поранешен вицепремиер на земјата.

Со децении, левот беше врзан за еврото, но земјата немаше право на глас во монетарната политика на ЕЦБ бидејќи не беше членка. Сепак, критичарите предупредуваат дека овој потег не е без ризик. Усвојувањето на единствената валута може да предизвика зголемување на цените и особено да им наштети на посиромашните домаќинства во руралните области. Стравувањата се дека инфлацијата би ги погодила основните добра, како зеленчукот, особено во руралните области, каде што потрошувачите имаат помалку избор.

Екстремната десница во Бугарија се противи на воведувањето на еврото и досега организираше повеќе протестни собири поради ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…

Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…

Денес во Министерството за надворешни работи на…