Предлогот за именување на Трајко Славески за гувернер пред пратениците
Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.
За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ги извршуваше функциите министер за развој и за финансии.
Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека ќе го поддржат предлогот, а од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за Славески затоа што според нив се работи за партиски кадар, а не за експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…
РТС: Странски компании најавија затворање погони во…
Тешкотии во работењето, намален обем на производство,…
Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…
Европската Унија треба да го забрза пристапниот…
За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола…
Народната банка продолжува со постепено олеснување на…