(Видео) Апасиев за договорот со Британија: Катастрофа – се иззема националното и меѓународното право што е невиден преседан, секое дете кое ќе се роди во нареднии три децении ќе должи по 6 илјади евра!

t

На прашање на Инфомакс, претседателот на Левица, професорот Димитар Апасиев го коментираше договорот со Велика Британија кој го нарече катастрофално штетен договор за државата со кој секое дете родено во наредните 3 децении ќе должи по неверојатни 6 илјади евра.

Апасиев потенцираше дека со членот 6 од договорот се иззема меѓународното и домашно право што е невиден преседан во историјата на Македонија.

-Морам да кажам дека коалицијата ВМРО ДУИ си функционира безпрекорно. Буквално го шверцаат во Собранието. Сабајлево во 10 часот добивме СМС порака дека во 11 часот е закажана Комисијата за навдорешна политика кај Муса Џафери кој е кадар на ДУИ. Тоа значи дека има претходно договорен дил да го шверцаат овој меѓународен договор. Инаку е катастрофален затоа што ја презадолжува државата. Во овој случај кој што го споменавте мислам дека има работа и за Уставниот суд затоа што таков случај кој што го иззема не само националното туку и меѓународното право е досега невиден преседан. По две основи невиден преседан, по износот на задолжување тоа значи дека во наредните 3 децении секое новородено бебе ќе треба да враќа долг од 6 илјади евра и по ова изземање на домашниот правен поредок. Ако се сеќавате за Бехтел и Енка носевме закони кои го дерогираа домашниот правен поредок, а ова целосно го иззема постоечкиот правен поредок што е без преседан во историјата и мислиме дека ова е кастрофално штетен договор за државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис…

Албанската полиција во рамки на операцијата „Сидро…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

Трамп вети по 5.000 долари за секој…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му вети…

Цената на нафтата скокна над 100 долари…

Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…

Денес се празнува Преподобен Мојсеј Мурин

Родум Етиопјанин, а најнапред по занимање беше…