Божествата не смеат да газат во кал: Специјално отворен мост за Мицкоски и Тошковски во Делчево, откако си заминаа повторно е затворен!
Мостот на влез во Делчево, кој е во „реконструкција“ повеќе од година дена, беше специјално отворен за Мицкоски и Тошковски да не возат по кал и дупки, па денеска е повторно затворен, реагираат од локалниот огранок на Левица во Делчево.
– Како што информиравме минатата седмица дека мостот кој беше отворен за посетата на Премиерот Мицкоски и министрите во с.Разловци, но и посетата на министерот Тошковски, дојде ред конечно мостот за обичниот граѓанин повторно да биде затворен за сообраќај?!
Дали власта со овие постапки веќе ги поделува граѓаните од прв и втор ред!
Дали некој од претходната власт на СДС (кои ја започнаа реконструкцијата) но и од сегашната на ДПМНЕ мисли на граѓаните од крајниот исток и како тие патуваат по патиштата кои повеќе децении се раскопани, дотраени и небезбедни за сообраќај!? – велат од Левица.


Претходно Левица Делчево објави дека мостот е специјално отворен за Мицкоски и Тошковски.
– Мостот на меѓународниот пат Р.Македонија-Р.Бугарија кој е во реконструкција повеќе од година дена што ја “започна” Сдс а не ја “продолжи” реконструкцијата ниту Дпмне, магично е отворен за сообраќај ден пред доаѓањето на Премиерот Мицкоски и неговите министри во с.Разловци!
Обичните “смртници” се осудени овој дел од патот да го поминуваат по импровизиран исклучок со дупки и кал додека премиерот поминува по мостот кој е “небезбеден” за обичниот граѓанин!?
Го прашуваме премиерот дали се чуствува безбеден да поминува по мостови кои се реконструираат повеќе од една година но и кога го поминува патот с.Истибања- М.Каменица каде што големите одрони уште стојат на патот повеќе од 8 години!?!
Исто така го прашуваме пратеникот Ковачки, кој е родум од Делчево и редовно патува по истиот пат, дали барем еднаш го отворил прашањето како патуваат обичните граѓани од крајниот исток и дали воопшто се сигурни по овој пат, или пак тие се само за гласање на изборите ?!? – објавија тогаш од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…
Присуството на Левица на јавната трибина „Што…
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…