Честито: Со аплаузи во Собрание власта ве задолжи нови 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА! Изгласан е британскиот кредит!
Со аплаузи во Собрание денеска Владта ги задолжи граѓаните за нови 6 милијарди евра. Со 76 гласа „За“ и 6 гласови „против“ денеска во Собранието беше изгласан законот за британскиот кредит.
Претходно опизицијата нагласи дека ова е скандалозен закон и скандалозен договор, не само поради задолжувањето кое е проблематично само по себе, туку и во делот на суспендирање на македонското законодавство.
На ова преудпреди и поранешниот уставен судија, а актуелен пратеник, Сали Мурати.
– Материјалите не беа доставени благовремено, а денес треба да одлучуваме за милијарди евра задолжување. Ова не е сериозен начин на работа за одлука од ваква важност. Морам да укажам на сериозни недостатоци на договорот.
Прво, финансиска неопределеност во договорот, ова е двостран договор, со обврски, тој не содржи ниту една конкретна цифра за каматните стапки, роковите, тука фалат битни елементи на договорот, роковите за отплата, не знаеме дали зборуваме за 2, 5 или 8% камата, не знаеме дали роковите се 10, 20или 30 години. Втората слабост е лимитот на кредитирањето, ограничување на пет милијарди фунти, проектот на брзата железница во соседните земји чинел повеќе од оваа сума и се прашувам дали овој лимит е реален за сите овие наведени проекти.
Најпроблематична по мене е правната несигурност, членот 6 од Договорот експлицитно вели не создава правни дејствија. Ова се права и обрвски на сите страни, исклучува арбитража, судски постапки и упатување на трети страни за решавање на споровите. Доколку британската страна не ги исполни сите обврски ние немаме правни механизми за заштита, можеме само дипломатски консултации да имаме. Ова создава правна асиметрија кадешто силната страна нема ограничување, а ние немаме заштита. За Бехтел договорот имаше арбитражни механизми, од ЕУ проектите имаат јасна правна заштита, ваква клаузула нема во ниту еден сериозен меѓународен договор. Вие се задолжувате во наше име и имате обврска да ни дадете отчет за граѓаните, со ова не предвидувате никаков надзор. Ние сега ќе гласаме и после ова немаме механизам да контролираме, вели Мурати.
Во продолжение резултатите од гласањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…
(Видео) Тепачка во бугарското собрание
Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…
Собранието во понеделник ќе го потврди новиот…
Предлозите на Владата за нов министер за…