Втора рунда преговори меѓу Русија и Украина на 2 јуни во Истанбул!
Втората рунда разговори меѓу Русија и Украина ќе се одржи во Истанбул на 2 јуни, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Руската делегација е подготвена да ѝ достави меморандум на Украина на состанокот, додаде тој.
„Како што е познато, со поддршка на САД, Саудиска Арабија и Турција, создадени се услови за продолжување на директните руско-украински разговори. Првата рунда, по продолжувањето, се одржа на 16 мај во Истанбул. Во согласност со договорите постигнати таму, беше спроведена размена на затвореници во формат „1.000 за 1.000“.
Исто така, во Истанбул беше договорено Москва и Киев да подготват документи во кои ќе ги изнесат позициите на секоја страна во однос на постигнување одржлива нормализација. Руската страна, како што е договорено, брзо подготви соодветен меморандум во кој ќе го изнесе нашиот став за сите аспекти на надминување на основните причини за кризата“, рече Лавров. Тој нагласи дека руската делегација, предводена од Владимир Медински, е подготвена да ѝ го достави меморандумот на украинската делегација и дека потребните објаснувања ќе бидат дадени за време на втората рунда обновени директни преговори во Истанбул следниот понеделник, 2 јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…