Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците останале пет месеци без плата – бараат итна средба со Мицкоски!

t

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците денеска излегоа на прес-конференција со јавно обраќање до институциите, откако веќе пет месеци немаат добиено плата, ниту имаат активирано здравствено и пензиско осигурување. Тие апелираат за итна средба со премиерот, министерката за финансии, министерот за правда и претседателот на Собранието, со цел да се најде законско решение за нивната егзистенцијална состојба.

„Ова не е само финансиска криза, туку системско и сериозно кршење на нашите човекови и уставни права. Половина година работиме без плата, без осигурување и без никаква поддршка од државата. Секој вработен има право на соодветна заработувачка, вели Уставот, а ние сме оставени без елементарна сигурност,“ изјави Фитим Рамадани, виш инспектор во Инспекторатот.

Инспекторатот брои 17 вработени, кои, според Рамадани, секојдневно извршуваат работни обврски и придонесуваат во функционирањето на системот, иако нивниот труд не е вреднуван.

„Бараме итна исплата на заостанатите плати, повторно активирање на здравственото и пензиското осигурување, како и трајно и одржливо решение за нормално функционирање на Инспекторатот,“ додаде Рамадани, потенцирајќи дека нивната борба нема политички карактер и дека е исклучиво насочена кон заштита на нивните работнички права.

Вработените предупредија дека доколку во најкус можен рок не се преземат мерки, следниот чекор ќе биде организирање протест. Тие веќе испратиле писмено барање за средба со Владата, но до денес, како што велат, не добиле никаков одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…

Вработените во Инспекторатот за употреба на јазиците…

Родител на починато дете: Не сум задоволен…

Родител на починато дете во објава на…

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…