Утре завршува истрагата за „Пулс“ – ОЈО ГОКК продолжува со истрага за полициските службеници!
Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тој вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата.
Тврди, ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата на полицајците кои кобната ноќ беа во дискотеката „Пулс“ и не исклучува можност доколку се обезбедат докази, да станат осомничени. Коцевски вели, полицијата влегла во „Пулс“ 15 минути пред пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…