Српските студенти објавија во кои градови ќе протестираат на 1 јуни
Студентите во блокада на Факултетот за технички науки во Нови Сад објавија список на градови каде што ќе се одржат протести на 1 јуни, јавија српските медиуми.
„Генералната проба почнува. Изберете град, повелете во салонот…“, напишаа студентите во блоката на ФТН на својот профил на социјалната мреќа „Икс“.
Во објавата се наведува дека протестто ќе се одржи во: Јагодина, Зрењаник, Чачак, Ужице, Краљево, Лесковац, Пирот, Врање, Бор, Лозница, Ваљево, Сомбор, Суботица, Кикинда, Сремска Митровица, Нови Пазар, Крушевац, Ниш, Белград, Бела Паланка, Алексинац, Сурдулица, Власотинац, Рума, Прибој, Шабац и Прокупље.
Инаку, студентите во блокада претходно го најавуваа следниот поголем протест за 1 јуни, но го наведоа само Пожревац како место каде што ќе се соберат.
Објавите во врска со протестот беа проследени со слоганот „Децентрализацијата започна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Тројца уапсени во Србија по пад на…
Во српскиот град Инџија, припадници на Министерството…