Студентите во блокада во Белград попладнево на нови протести, в недела протести во повеќе од 20 градови во државата
Студентите во блокада најавија за попладнево во Белград протест под мотото „Сакаме избори“ во обид да издејствуваат парламентарни избори за кои тоа движење првпат побара во печотокот на мај нагласувајќи тогаш дека демократијата е единствениот излез од кризата. Оттогаш досега, властите во државата постојано укажуваат дека нема потреба од избори.
„Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија тие на социјалната мрежа X на 5 мај.
„Ги повикуваме луѓето да ја поддржат листата на која студентите во блокадата на сите високообразовни институции на територијата на Србија ќе ја пренесат својата доверба, за да победи вистината на вагата на правдата“.
Протестот што е закажан денеска во Белград е нов обид на студентите во блокада – како што наведуваат – да им се слушне гласот за нивното барање. Ќе протестираат од 16.30 часот со собирање во центарот на главниот град на Србија, па потоа кон Високото јавно обвителство и ќе заврши околу 20 часот пред зградата на Владата.
Студентите во блокада синоќа најавија протести во над 20 градови низ Србија што треба да сзе одржат на 1 јуни.
Списокот на места за собирање секојдневно се проширува. Се очекува во наредните денови да се приклучат повеќе градови на студентските протести. Со наводи дека „децентрализацијата се вчитува“студентите во блокада објавија список на повеќе од 20 градови каде, очигледно, ќе протестираат на 1 јуни.
Студентското протестно движење во Србија нема лидери, активистите го потенцираат неговиот основачки принцип – директна демократија преку состаноци во кампусот.
Кога се урна покривот на новореновирана железничка станица лани во ноември во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, студентите излегоа на улици за да го осудат она што го сметаа за длабоко вкоренета корупција што ја овозможи катастрофата. Потоа се организираа во национално движење со главен темел – директна демократија.
Србија е рангирана на 105-то место од 180 земји на најновиот индекс на перцепција на глобална корупција на „Транспаренси интернешнл“ – најлош резултат за повеќе од една деценија.
Токму тие состаноци, познати како пленуми, одржани зад затворени врати на кампусот, одлучуваа каква акција ќе преземат – од 16 минути молчење во знак на почит кон мртвите, до маршеви или повици за протести.
Секој студент може да учествува и да гласа на пленум.
На првиот импровизиран пленум одржан во Нови Сад во декември, четири амфитеатри на факултетот беа целосно преполни. Шест месеци од тој прв состанок имаат начини за целосна координација.
Откако побараа избори, тие најавија и своја листа и наведоа дека студентскиот изборен список првенствено ќе вклучува луѓе од кои се очекува да ги исполнат студентските барања. Според нив, тоа ќе биде список на експерти, работници и други кои досега немале премногу врска со политиката, а на кои им се верува дека ќе ги исполнат барањата и дека ќе се усогласат со некои вредности што повеќето луѓе во Србија ги сметаат за здрав разум.
„Дополнително, не треба да биде функционер, ниту функционер на некоја од опозициските партии, иако тој услов се уште е предмет на амандмани и се уште е дискутабилен. Суштината е дека станува збор за некој што не учествувал во никаква повисока политика“, објасни студент во изјава за РСЕ.
Секој факултет предлага свои кандидати, и секој (универзитетски) град има свој број места. На пример, во Белград, каде што моментално секој од факултетите ќе предложи по двајца кандидати и два резервни, при што тие мора да бидат еден маж и една жена. Исто така, гарантирано е дека кандидатите од сите блокирани факултети во Србија ќе бидат претставени на првите 125 места на листата.
Владата што ќе се формира по вонредните избори – според нив – треба да ги подготви условите за одржување нови избори и мандатот треба да биде ограничен.
Во порака до студентите во блокада, српскиот претседател Александар Вучиќ од митинг во Ниш во средината на мај, испрати порака дека повеќе не го интересираат никакви барања, дека тоа е „завршена приказна“ и дека „отсега па натаму, само народот ќе се слуша“.Тој оцени дека студентите се „заведени од социјалните мрежи и нивните професори“.
„Да разговараме за да не се решаваат проблемите на улица, туку да ги решаваме проблемите и разликите во институциите. Нека се нервираат сите други околу нас, а ние да одиме напред како брз воз. Знам дека ќе одбијат, но ние повторно ќе подадеме рака, бидејќи знаеме дека Србија ни припаѓа на сите нас“, рече Вучиќ.
Според него, ќе има избори кога надлежните институции ќе донесат одлуки и е убеден дека неговите политички противници „ќе ги изгубат со многу поголема разлика отколку минатиот пат“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…