Приказни од Булеварот: Ловот на вештерки заврши, на Максо, Стојанче и брат Љубе им е простено северџанството
Ловот на вештерки почна и заврши
Ви текнува ли дечки во екот на менувањето на името на државата дека во Македонија се роди нови национална припадност СЕВЕРЏАН? Тоа се оние 600 и кусур илјади граѓани на Македонија кои излегоа на Референдумот и гласаа за промена на името со цел Македонија да го одблокира своето интегрирање во НАТО и ЕУ.
Консултативен референдум кој беше необврзувачки затоа што финалниот печат го даде Собранието со 82 гласа ЗА. Неуспешниот референдум беше најуспешен за компромитираните пратеници на ДПМНЕ кои ја купија својата слобода со глас ЗА во собранието. Со директен пас од бојкотот. Оние што беа ЗА имаа свои гласни мегафони. Максим Димитриевски, денес голем бранител на македонскиот идентитет, Стојанче Ангелов, брат Љубе и ред други кои денес се дел од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.
Нив северџанството им е простено. Не само што им е простено туку им е и наградено со министерски места, директорски места , одбори , тендери и ред други привилегии. Народот остана да си ги вади очите додека нашите нови властодршци си го прифатија како реалност , прошка овој народ не може да даде само на јавните фацки како Дарко Панчев , Влатко Стефановски, Слаткар и многу други кои никогаш не биле функционери и никогаш не одлучувале за судбината на народот. Нашите амбасадори на спортот и музиката, на културата, на хуморот и сатирата се закопани под пепелта на стерилниот патриотизам кој почнува и завршува во партиските седишта. Ловот на вештерки од средниот век е насочен кон оние од кои не зависат вработувањата и привилигегиите.
Тука фрустрациите и злобната пизма удираат најсилно . И вртат наоколу од партиските штабови кои во своите редови ги викнаа токму најсилните мегафони на тогашната власт (СДС) денес функционери во владата на ДПМНЕ. Обидите за протести пред Собранието и истурените пари од дијаспората за организирање на масовни протести против Преспанскиот договор заврши со држење говори на панел даски со мегафони и неколку стотици храбри граѓани, ничии, искрени патриоти кои што го вдишаа солзавецот на Обиџуко и стотината шок бомби кои доцна во таа јунска ноќ татнеа низ Скопје. И многу пари украдени во џебовите на киднапирите на борбата!
Поминаа години, печат на стерилната патриотска фела заврши со официјално прифаќање на Преспа од новата Власт надградено со низа анекси и подзаконски акти во Собранието донесени со додавката Северна ! Народот нема проблем со тоа . Се спрема за Локални избори и за истурање на нова енергија и гласови на оние кои што го поделија народот по секој основ. Извадија и заедничка фотка од палатата Христо Татарчев. Чисто онака да ви покажат кој ви ја ебава ма…та сиве овие 30 и кусур години .
А во меѓувреме….Народот ни диши најзагаден воздух во светот , Македонија е регионална депонија , болни од рак наместо со лек ги лечиме со дестилирана вода, сеуште ја осеќаме пепелта од траорот од Кочани , Уставобранителите гнијат по занданите а Бранителите повремено се ставаат на орган полн со ерекција околу некаков закон за нив кој се најавуваше и во времето на Груевски се најавува и сега . Никому ништо. Симболично. Новата приказна во која Македонија требаше да биде наша а ние горди заврши со најавите за изградба на ветерници со пари од сомнително потекло па и таа приказна заврши од оптимизмот на политичариве на краткото , ужасно кратко помнење на народот. Максим Димитриевски северџанот освои стотина илјади гласа . Тоа се плус на оние 600 000 од референдумот. И на 400 000 гласа за ДПМНЕ кои Северџанството го прифатија како реалност. Се задолживме кај Унгарците се задолживме кај Британците . Европската агенда ја ставивме под тепих и под плаштот на уште еден стерилен патриотизам поврзан со интересите на геополитичката оска, Будимпешта, Белград , Москва но не и наша ! .
Отвараме гранични премини со Косово, додека оние кон ЕУ се рушат недопрени од вренеро на комунизмот чиј Берлински ѕид е останар само околу нашите граници! Со Белград правиме one stop систем, а нивните министри еднаш месечно доаѓаат во Македонија за послушнициве и големи патриоти да им одржат рапорт . До каде сме со минирањето на нашите трансферзали од коридорот од Италија до Црното море . Нешто што треба да биде наша економска придобивка . Не паметам држава во светот чија влада работела толку ревносно против инфраструктурно поврзување со две мориња на Запад и Исток. А народот замаен од тој филм преку ноќ го заборави Преспанскиот договор и Северџаните , погрдното име кои го добија добар дел граѓани на оваа земја кои решија да го искористат своето право на глас на Референдум кој прв пат е организиран во Македонија по едно такво осетливо прашање.Ќе потенцираме, консултативен. На тој Референдум 91% беа за и околу 40 000 беа против. Другите решија да праат ајвар. И тоа е демократско право , параван на познатата девиза НЕКОИ ПРАШАЊА НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ОДГОВОР, кога се носеше новата територијална поделба во Македонија. Тие што не веруваа во регуларноста на Референдумот одеднаш почнаа да веруваат на системот кога дојдоа изборите и дефитистичкиот пристап го сменија со ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ со порака масовно да се излезе на гласање. Зошто тоа не го направија со повик масовно да се гласа против Преспанскиот???
Одговорот ќе го најдете во заедничката фотографија на патриотите и предавниците зад затворени врати во четири очи.
За дискотеката што изгоре Кочани народот покажа дека нема тронка емпатија и солидна кон своите сограѓани и својата енергија ја чуваат да испорачаат нова доверба кон оние кои 35 години го градат овој систем а нас не уверуваат дека ќе го оправат. Оние кои 9 месеци не знаеа дека Пулс е бастион на источните параполиции и на локалните шерифи на власта која се обиде да ни ги замачка очите со апсење што поголем број на луѓе а не вистински одговорни за трагедијата. Додека нашите деца ги праќавме на лечење по странски болници владата трошеше пари за мерење и сондажа на рејтинг. Премиерот делеше плакети на министерот кој девет месеци не знаел што се случува во ПУЛС. Живеејќи во својот паралелен скандинавски свет острејќи ја својата острица за следниве локални избори која некако многу отупе по офанзивата на Данела Арсовска која на цела јавност им разоткри епски криминали и фалсификати и на сите ни покажа дека и понатаму е КАКО ДО СЕГА. Само не сега за ДУИ туку за нивните ортаци од ВЛЕН. И замената на дебелите образи на Маричиќ и патните трошоци на Силвана Бонева со ликови како Пеката и слични на него. Со заеднички фотки на Бране Петрушевски и Обиџуко од Баба Цана и прошетката на Бисерче Скафандерот во друштво на батки од ДПМНЕ под сенката на Букефал.
Ловот на вештерки продолжива и засега заврши и кон еден духовник кој стотици свои духовни чеда ги извади од шприцот и иглата а од страна на големите патриоти неговите поддржувачи кои излегоа во голем број беа прогласени за сатанисти и наркомани. Како шлаг на тортата на епитот македонски кој стана синоним за злоба , лакомштина, клетви, фрлање со дрва и камења кога тоа доаѓа под команда на дугмето кое 35 години не држи во нивната гладијаторска арена каде се дели леб и дворски игри. Лебот кој е се поскап а игрите се поевтини . Заедно со душите на оние кои ја вртат главата на се што ни се случува и се директни соучесници а не жртви, како што вели Орвел….Евтини како душите на оние кои ги оставија сами родителите на загинатите деца во Кочани. ..Без една утеха…Без една чаша вода на скопското сонце….
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…