Објавено на:

Арсовска: ДПМНЕ покажа дека е подготвено со жив штит да го брани криминалот на Ганиу

t

ВМРО-ДПМНЕ денес покажа дека е подготвено ако има потреба и со жив штит да го бранат криминалот на Висар Ганиу и Ејуп Адеми со незаконските дивоградби во општина Чаир, вели денеска во објава на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Македонија денес можеше да посведочи дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се плашат да зборуваат за дивоградбите.

Поднесоа иницијатива за вонредна седница на Советот на град Скопје за дивоградбите во Чаир, Сарај и останатите скипски општини која потоа ја повлекоа самите, иако апелирав да ја гласаат за да имаат можност да направат увид во документите кои Висар Ганиу ги фалсификувал.

За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во град Скопје одлучија да ја повлечат својата точка од дневен ред бидејќи во предлогот имаа напишано дека точката по која бараат дискусија е за „дивоградби во општина Сарај и во другите општини во град Скопје“. Исплашени од можност дека освен за дивоградби во Сарај ќе се дискутира и за други дивоградби ја повлекоа точката од дневен ред и избегаа од салата на Советот на град Скопје.

Срамот денес треба да го види цела Македонија. Нема „горда Македонија“, оваа владејачка коалиција активно испорача „криминална Македонија“. – напиша Арсовска.

ЛИНК од видео

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Кој е интересот на Мицкоски што…

Прес конференција на СДСМ, Љубица Јанчева координаторка…

А да ги ѕирнеше дивоградбите во Чаир?…

Вицепремиерот и министер за животна средина и…

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…