Објавено на:

Лишен од слобода скопјанец, поседувал пиротехника без документација

t

На 03.06.2025 во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација и за кој по извршени проверки е утврдено дека има решение за привремена забрана за вршење на дејност.

К.П.К е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тетово одземени над 3000 петарди и…

СВР Тетово информира дека полицајци денеска околу…

Фрлена пeтaрдa зaпaли тeрaсa и yби жeнa…

Една постара жена загина по пожар кој…

(Фото) 3aплeнeти околу 1000 парчиња пиpoтexнички средства…

На 23.12.2021 во близина на Градскиот пазар…