Кинески државјанин тешко повреден при работа на автопатот Кичево-Охрид
Кинески државјанин е тешко повреден откако паднал од дрвена платформа, информираат од МВР.
Во полицискиот билтен стои дека вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.
Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, соопштија денеска од полицијата.
Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандинавски Охрид: Отпад и муљ оставени на…
На почетокот на летната сезона, непријатни слики…
Турист прегазил пензионер од Охрид
Возач на „Мерцедес“ од Србија вчера во…
Вработени во ЈП „Комуналец Кичево“ повикани на…
Полицијата од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава…
Победа на Кичевчани: Конечно се расчистува депонија…
Благодарение на силниот и истраен притисок од…
Работник почина по пад при изведување градежни…
Утрово во 09.24 часот во СВР Охрид,…