Салиу: Народ со минимална плата плаќа данок, сметки, казни, а милионерите не го прават тоа!

t

Секој од нас, во еден момент од својот живот, посакал да го прави она што денес го прави Арсовска, но на крајот се откажал и им се придружил — нели, „имам семејство“, пишува на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу.

– За жал, не е само Чаир полн со дивоградби. Отидете и во другите општини и ќе видите дека „инвеститорите“ се менувале онака како што се менувала и локалната власт.

Колку и да е болно — и те фаќа инает — што ти, со минимална плата, плаќаш данок, сметки, казни и кредити, а некој милионер не го прави тоа, за жал, веќе е прекасно да се зборува за оваа тема.

Ако се спроведе правда, пак, токму тие чесни граѓани што плаќале и немале избор каде да живеат, бидејќи барале поевтин дом, ќе останат на улица. – напиша Салиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фуркан со брза математика: Присутни се 100-тини…

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу сподели…