Објавено на:

Зелен хуман град ги објави: Ова се документите за дивоградбата во Чаир!

t

Ова се материјалите за дивоградбите во Чаир што вчера со нас ги сподели Секторот за планирање и уредување на просторот, објавија денеска на Фејсубк од Зелен хуман град.

– Откако вмро се повлекоа од одржување на вонредната седница што самите ја предложија, со координаторите на останатите советнички групи се договоривме да поднесеме заедничко ново барање за вонредна во кое, покрај информацијата за дивоградбите, ќе бидат вклучени и точките што ЗХГ ги предложи, со цел ние, а и целата јавност, да добиеме појасна слика за тоа што се случува во нашиот град.

Само со темелен пристап и со прецизно лоцирање на причините може да зборуваме за решенија. Сѐ друго е гола реторика и клановски препукувања на штета на сите нас. Самиот момент што дојде до ова треба да нѐ однесе до промена❗️

И покрај мноштвото трагедии со несогледливи последици и однесени човечки животи — политичките елити не го менуваат пристапот. Повторно е виновна само другата партија, а никој од нивната коалиција! На следните избори мора да има повеќе независни кандидати. Само така ќе ставиме крај на рускиов рулет во кој живееме❗️

И вчера, како и секогаш, партиите повеќе ги интересираше читање соопштенија наместо вистински дијалог, што е само повторна потврда дека партиските агенди се секогаш на прво место.

#ЗХГ инсистира целосно да се обелоденат проблемите помеѓу општините и Град Скопје, не само за фалсификувани документи, не само за дивоградби, туку и за долгови, за нееднаква стапка на наплата на данок, за нееднаков степен на наплата на јавните услуги (вода, третман на отпад, итн.), за нееднаков третман на јавните претпријатија од страна на општините. Помина цел мандат, а темелна анализа, нешто што го бараме од сам старт, НЕ СЕ НАПРАВИ. Затоа и не поддржавме дневен ред кој не ја покажува целосната слика во градот, нешто што скопјани го бараат долго време.

И очигледно само независните советници се тие на кои ова им е важно! Затоа е потребно повеќе независни советници насекаде низ Македонија! Независните се борат за заштита на животната средина. Независните се борат за животните. Независните се борат за хуманоста и добрите меѓучовечки односи.

Независните се борат за ЗЕЛЕН И ХУМАН ГРАД! ЗАЕДНО СО ВАС – напишаа од Зелен хуман град на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Арсовска: Ганиу со фалсификат во Чаир „легализирал“…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по…

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…

- Ова е шанса да се расчисти…

Чаир е 19-ти по број на дивоградби…

Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и…

Јакимовски до Тошковски за дивоградбите во Чаир:…

*Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош,…