72-годишен човек ги бодел со нож кравите на брат му, една им подлегнала на повредите
Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една не го преживеала нападот, соопшти МВР.
„На 03.06.2025, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.О.(72) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека со остар предмет повредил две крави на неговиот 62-годишен брат, од кои едната починала. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
72-годишен човек ги бодел со нож кравите…
Вчера во село кај Гостивар е уапсен…
(Видео) Крави се шетаат низ владините згради…
Добротворните организации, кои управуваат со засолништата за…