Aко во Kочани некој навреме зборуваше како што зборува Арсовска за Чаир, можеби немаше да дојде до трагедија од такви размери
Новинарката Мери Јордановска, со поддршка за она што денес го зборува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за дивоградбите во Чаир.
Вели дека ако се зборувало за Кочани така како што градоначалничката денес зборува за Чаир, можеби немало да се случи таква несреќа.
„Арсовска го кажува тоа што некогаш некој требало да го каже за Кочани. За небезбедната дискотека, за нелегалниот бизнис со дискотеката, за блискоста на полицијата со газдата, за присуството на малолетници на забавите, за мижењето на градоначалниците, за спрегите на органите со криминалот. Ако сме согласни дека ужасот во Кочани се случи поради молк и нефункционирање на институциите, зошто по таквото мрачно искуство сега има таква рамнодушност кон она што го кажува Арсовска? Ако во Кочани некој навреме зборуваше така како што сега зборува Арсовска за Чаир, можеби немаше да дојде до трагедија од такви размери. Или можеби и во Кочани сите молчеле бидејќи се плашеле дека ќе им кажат дека и во другите градови се такви дискотеките и дека тоа го зборуваат за да и наштетат на власта“,напиша таа.
Арсовска го кажува тоа што некогаш некој требало да го каже за Кочани. За небезбедната дискотека, за нелегалниот бизнис…
Posted by Meri Jordanovska on Wednesday, June 4, 2025
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…