Бугарскиот МНР: Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на Македонија во ЕУ освен уставните измени
Членството во ЕУ не е дадено, туку се базира на специфични критериуми и услови што секоја земја-кандидат мора да ги исполни. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев пред новинарите по повод одложувањето на гласањето за напредокот на Република Македонија кон ЕУ.
Одложувањето го предложи известувачот Томас Вајц. Минатата недела, Народното собрание усвои одлука според која Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година. Во одлуката, бугарските власти ја повикуваат и Македонија строго да ги почитува постигнатите договори.
Според министерот Георгиев, Бугарија е свесна за важноста на проширувањето на ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, „но ние го потврдуваме и принципот на сопствени заслуги“. Дадовме јасен сигнал дека Бугарија е конструктивна, додаде тој. Важно е да се напомене дека Бугарија нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапување на Македонија во ЕУ, потсети министерот Георгиев. „Нашето очекување е дека РСМ ќе започне преговори со ЕУ, но дури откако ќе видиме дека тие антибугарски сили, кои се и антиевропски, се ставени во позиција да бидат неводени од државата РСМ“, коментираше Тома Биков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…