Цената на среброто денес достигна највисоко ниво во последните 13 години
Цената на среброто денес достигна највисоко ниво во последните 13 години, потврдувајќи дека овој скапоцен метал е барано засолниште за капиталот во услови на нестабилност на пазарот. Во текот на денот, цената на јулските фјучерси за сребро на берзата Comex се зголеми за речиси четири проценти на 36,02 долари за унца.
Како што е објавено, во 16:55 часот, среброто се продаваше за 35,96 долари за унца. Од почетокот на годината, цените на среброто се зголемија за речиси 21 процент, објавува CNBC. Според Институтот за сребро, глобалната понуда на сребро во 2024 година била околу 15 проценти помала од побарувачката, а се очекува пазарот да биде во дефицит и оваа година. Среброто сè уште заостанува зад златото, чија цена се зголеми за околу 25 проценти оваа година и моментално се движи околу 3.400 долари за унца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЛАТО, СРЕБРО И БРОНЗА ЗА МАКЕДОНКИТЕ: Илина…
Илина и Ева Соколовски го развејаа македонското…
Среброто се спрема за голем скок
Цените би можеле да се зголемат со…
(Фото) Запленети над пет килограми накит во…
Пет килограми златен накит вчера бил запленет…