Во сабота „Марш за ангелите“ во Кочани!

t

Во сабота, 7 јуни, со почеток во 16:05 часот, во Кочани ќе се одржи деветтото издание на „Маршот за ангелите“, во чест на жртвите од трагичниот пожар во дикотеката „Пулс“.

Настанот е организиран од родителите и блиските на настраданите, како израз на почит кон починатите, но и како повик за поддршка и солидарност со повредените и нивните семејства. Маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе продолжат кон Трговскиот центар, а потоа ќе се упатат кон Општина Кочани, Полициската станица и ќе завршат пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Семејствата упатуваат јавен повик до сите граѓани што чувствуваат солидарност и поддршка во нивната борба за неселективна правда, да им се придружат на маршот.

Организаторите потврдуваат дека сите надлежни институции се навремено известени за настанот, а медиумите се замолуваат соодветно да го проследат маршот, со почитување на приватноста и болката на семејствата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…