Македонците во Албанија го прославија Свети Јован Владимир, гости беа архимандритите Доситеј и Кирил од Бигорски
Во селото Шиjон, во Елбасан беше прославњн денот на Сввети Јован Владимир. Секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Владимир.
Меѓу множеството собрани молитвеници, со благослов на епископот Антаниски Партениј, беа и архимандритите Доситеј и Кирил, монахот Филип, како и сестрите Екатерина и Христина од Рајчица.
Албанската православна автокефална црква Сввети Јован Владимир го празнува на 4. јуни секоја година и православните верници од Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија и целиот регион се собираат на прослава во манастирот каде го чествуваат името на светецот.
Со Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот на Тирана и цела Албанија, Јован. По Литургијата, се изврши торжествена литија околу светиот храм, со кивотот на моштите на Свети Јован Владимир, во чие носење ушествуваа и Доситеј и Кирил. Албанскиот архиепископ имал и официјален прием за делегацијата на МПЦ-ОА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…