Бигорскиот манастир очекува бројни верници викендов по повод празникот Духовден
По повод големиот празник на Светата Педесетница, во Бигорски манастир ќе има бдение, богосужби, литургија, на кои со благослов на епископот Антаниски г. Партениј може да присуствуваат сите верници кои посакуваат за овој празник да бидат во ова наше познато древно светилиште.
– Во сабота, 7 јуни во 19 часот ќе се одржи бдение со повечерие, вечерна, утрена и прв час, додека во недела (8 јуни) во 7:30 часот трети и шести час, Архијерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител а во 10 часот Трпеза, стои во соопштението на Свештената бигорска Обител.
Се додава дека веднаш после трпезата ќе биде одржана Вечерна богослужба со молитвите за призив на Светиот Дух.
По традиција, се очекува, во деновите на овој голем празник во Бигорски манастир да престројуваат голем број верници од сите делови на државава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…