Дијареја, повраќање… стотина прегледи во едно деноноќие на Детската клиника

t

Дежурните лекари на Клиниката за детски болести во Скопје имаат полни раце работа за време на продолжениот викенд. Голем број родители побарале медицинска помош за своите деца поради симптоми како дијареја, повраќање и покачена телесна температура.

Секојдневно се бележат и до стотина прегледи во амбулантите на клиниката. Најчестата клиничка слика се однесува на цревни инфекции, кои главно се вирусни, но има и случаи предизвикани од бактерии како салмонела или ешерихија коли.

Најзасегнати се децата од најрана возраст, особено бебињата до една година, кај кои дехидратацијата може да се развие брзо и сериозно. Иако најголемиот дел од децата по прегледот се испраќаат дома со соодветна терапија, има и случаи кои бараат болничко лекување.

Проф. д-р Аспазија Бојаџиева од Одделот за гастроентерохепатологија, кој се наоѓа на 4-тиот кат од Детската клиника, апелира родителите да бидат особено внимателни со исхраната на децата. Таа советува храната да биде добро измиена, правилно чувана, а при потреба да се даваат пробиотици како превентивна мерка.

Лекарите препорачуваат зголемена хигиена и консумација на безбедна и свежа храна, особено во летниот период кога ризикот од стомачни инфекции е зголемен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…