Лани граѓаните и граѓанките удрија на развод – по неколкугодишното затишје, повторно над 2.000 разводи
Во последниве 15 години, ланската 2024 година е најлоша или за некого најдобра година, во зависност кој како гледа на работите, во поглед на бројот на разводи во државава. 2.024 наши сограѓани и сограѓанки лани решиле да го завршат бракот со партнерот/партнерката. Ова значи дека во 2024 година имало 182,9 разводи на 1.000 склучени брака, или 18,3 отсто. Ова е досегашен рекорд по бројот на разводи во однос на склучени бракови, но не е најлош скор во поглед на апсолутните бројки на развод. Рекордот по овој основ го држи 2014 година, кога имало 2.210 развода. Но, имало и повеќе склучени бракови па така бројот на разводи бил 160 на илјада или 16 отсто.
А ако се прашаат нашите сограѓани која е тајната на успешен брак, секој си има свое мислење.
„Висока толеранција. Жената мора да ја слушаш. Жените се слушаат највише“, вели граѓанин.
„Меѓусебна доверба“, вели друг граѓанин.
„Врска немам ја. Поима немам. Нема врска. Прашај ја неа. Разбирање. Договор добар. Да нема карање. Ние стално се караме. Секој ден. Итн. Тајната според мене е да се сродни души, са може партнерот да го прати едниот и другиот. На пример јас сакам многу патувања, мојот сопруг е повеќе за градби, за куќи“, вели граѓанин.
„Нема тајна за успешен брак. Не знам… Попустливост, толеранција… Па од двете страни, ама од едната малце повеќе“, вели граѓанин.
„Прво љубов, разбирање, симпатија, и толеранција. Поштовање, да си поќутиш“, вели граѓанин.
„Меѓусебна доверба, толеранција и љубов“, вели друг граѓанин.
Инаку, лани со најкраток фитил кај мажите во однос на сопругите биле оние на возраст од 40 до 44 години, а кај жените најмногу со истенчени нерви кон брачните „другари“ биле оние од 35 до 39 години. Во проценти, ова е 17.7 % кај жените и 17.1% кај мажите.
Психолозите пак со свое гледање која е тајната на еден успешен брак. Велат, има три елемента. Првиот е поврзаноста, односно да има баланс меѓу индивидуалната слобода и заедништвото. Вториот е флексибилноста односно кој ги носи одлуките, при што не треба само еден да биде глава на семејството, но и да нема анархија. Третиот и најважен елемент е комуникацијата каде секој во семејството ќе може отворено да каже што мисли и тоа од свој личен аспект и за секоја тема која е релевантна за меѓусебните односи.
„Тајната на бракот е во балансот помеѓу сопствените потреби, потребите на другиот, што е она за мене како индивидуа е важно, што е за заедницата важно. Како што нашиот народ вели, златна средина која бара напор од сите страни за да се одржува“, изјави Јорданка Черепналкова Трајковска.
Инаку, додека бројот на разводи варира во годините, некогаш се повеќе, некогаш се помалку, има една друга тенденција, а тоа е намалување на бројот на бракови. Веќе ретко има годишно да се склучуваат над 14 илјади брака, нешто што беше вообичаено пред 15 – тина години.
Извор: ТВ 21
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…
Согласно најновите податоци на Европската агенција за…
Полицаец издавал службени тајни од МВР по…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Левица предлага намалување на работното време од…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на…
Почина 49-годишен прилепчанец, го удри автомобил додека…
МВР информира дека синоќа околу 21 часот…
Најчевска за Славески: Ги мразам ликовите кои…
Поранешната професорка и граѓанска активистка, Мирјана Најчевска…