Објавено на:

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот да биде исчистен веднаш!

t

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот плоштад, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

– Наредба: Плоштадот да биде исчистен веднаш!

Полуматурата не е повод за хаос, туку момент на покажување зрелост и почит кон државата и заедницата.

Она што денес се случи на градскиот плоштад – е неприфатливо.

Јасно кажувам:

Во рок од едно деноноќие, директорите на основните училишта, заедно со наставниците и учениците, се задолжуваат да го исчистат отпадот кој самите го оставиле зад себе.

Ова не е молба. Ова е наредба.

Кој не постапи – ќе сноси последици согласно надлежностите.

Плоштадот не припаѓа на никого поединечно – тој е симбол на нашиот град. Ќе се почитува, или ќе се одговара.

Ова е првиот тест за зрела генерација – или ќе го положат, или ќе учат поинаку.

Во Струмица владее ред. И така ќе остане. – напиша Костадинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичките полуматуранти направиле хаос – Костадинов: Плоштадот…

Полуматурантите во Струмица направиле хаос на струмичкиот…

Средношколци од Струмица организираат хуманитарен настан за…

Средношколци од Струмица денеска, 9 јуни, во…

Општина Аеродром плаќа 162 ИЛЈАДИ ЕВРА за…

Парковите низ Општина Аеродром се во хаос,…

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што…

Од трибината на Социјалдемократската младина на Македонија…